Зеленски: Народот на Украина ја споделува болката на роднините на жртвите и на сите Американци

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на Твитер зборуваше за масакрот што се случи во Тексас, каде што беа убиени 21 лице, меѓу кои 19 деца.

– Длабоко сум тажен од веста за убиството на невините деца во Тексас. Искрено сочувство до семејствата на жртвите, народот на Соединетите Американски Држави и Џо Бајден за оваа трагедија.

 

Убиецот од Тексас на Инстаграм објавил фотографија од оружјето

 

Народот на Украина ја споделува болката на роднините и пријателите на жртвите и на сите Американци – напиша Зеленски. Инаку, денеска е 91 ден од почетокот на руската инвазија на Украина.

Да потсетиме, Салвадор Рамос влезе во основно училиште и уби 21 лице, меѓу кои 19 деца.

 

Бајден по масакрот во Тексас: Кога ќе го запреме лобито за оружје?

 

Пред масакрот во училиштето пукал во својата баба.