Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, рече дека 2024 година треба да биде време на значителен раст на домашното одбранбено производство, а посебно внимание ќе се посвети на производството на сите видови беспилотни летала, особено FPV (модели што пилотот може да ги види „од прво лице“ при контрола) и муниција за нив .
„Во моментов стотици компании се ангажирани во клучните продукции и благодарен сум на секоја компанија што го дава посакуваниот резултат за нашите војници. Следната 2024 година треба да биде време на значителен раст на домашното одбранбено производство. Ќе ги обезбедиме договорите и буџетот“, истакнал Зеленски на средбата на која се разговарало за планирањето на следната година и обезбедувањето воени сили, пренесува Танјуг.
Според Зеленски, Украина мора да стане способна да ги обезбеди сите потребни потреби за беспилотни летала.
Уништување на руски брод
Тој се заблагодари на украинската воена авијација за, како што рече, импресивното уништување на уште еден брод на руската Црноморска флота.
„Нема да има мирно место за окупаторите во Украина“, рече Зеленски.
Украинските медиуми претходно објавија дека во вторник рано наутро тактичката авијација на Воената авијација го нападнала со крстосувачки ракети големиот десантен брод на руската црноморска флота „Новочеркаск“ кај Феодосија.
Јужните одбранбени сили на Украина на Телеграм споделија фотографија од остатоците на рускиот амфибиски јуришен брод Новочеркаск.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.