Зеленски на Златните глобуси: Нема да има Tрета светска војна

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се појави во видео порака за време на телевизиската емисија на Златните глобуси за да им се заблагодари на своите сојузници во „слободниот свет“.

Loading...

Американскиот актер Шон Пен го претстави украинскиот комичар кој стана политичар. Оскаровецот претходно се сретна со Зеленски во Киев и му ја подари својата статуетка Оскар, барајќи од претседателот да му ја врати кога војната ќе заврши.

Зеленски ѝ порача на холивудската публика дека „војната во Украина сè уште не е завршена, но плимата се врти и веќе е јасно кој ќе победи“, што предизвика аплауз од толпата.

„Сè уште има битки и солзи пред нас. Но, сега можам да ви кажам кој беше најдобар во претходната година – вие во слободниот свет, кој се обедини околу поддршката на слободниот украински народ“, рече Зеленски.

Зеленски потоа потсети на доделувањето на Златните глобуси од раните 1940-ти, пред крајот на Втората светска војна.

„Нема да има Трета светска војна. Тоа не е трилогија“, рече Зеленски, според Си-Ен-Ен.

Зеленски веќе имаше виртуелно појавување на Канскиот филмски фестивал и Греми наградите за да разговара за конфликтот и да им се заблагодари на сите оние во забавната индустрија кои ја подигнаа свеста за конфликтот што се случува на украинска територија.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...