Зеленски: Можна е нова побуна во Русија

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за ABC News изјави дека може да има нов бунт во Русија и дека има луѓе кои ќе го поддржат.

Loading...

„Постои знак дека може да има уште едно востание во Русија, револуција. Покрај тоа, има многу луѓе кои би можеле да поддржат такво востание“, рече Зеленски, коментирајќи го востанието на руските платеници од групата Вагнер што се случи на 23 и 24 јуни во Русија.

„Путин нема воена сила во Русија, а руското цивилно население не е заштитено“, додаде тој.

„Пригожин сакаше да стане политичка фигура“

Зеленски тврди дека примарна цел на шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин била да стане „политичка фигура“ во Русија и дека успеал во тоа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп разговараше со Путин, Кремљ постави услови за преговори за Украина

Силите на Вагнер дошле на 200 километри од Москва, пред Пригожин ненадејно да се откаже од бунтот.

„Зошто застана? Па, не знам со сигурност“, рече Зеленски.

„Вагнер нема да напаѓа од Белорусија“

По завршувањето на бунтот, на војниците на Вагнер им беше кажано да потпишат договори со руската армија, да се вратат кај своите семејства или да ја прифатат понудата на Лукашенко да заминат во Белорусија, каде што, според сателитските снимки, се изградени потенцијални нови воени бази.

Но, Зеленски вели дека достапните контраразузнавачки податоци сугерираат дека трупите на Вагнер нема да ја нападнат Украина од север.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.