Зеленски: Ја прекинавме жестоката офанзива на Русите

Сподели со своите пријатели

Украинските сили успеаја да ја одбијат „жестоката офанзива“ на руските војници во источниот регион на Доњецк, објави Володимир Зеленски.

Loading...

Украинскиот претседател објасни дека воена единица од Чоп на западот на земјата тргнала во акција, но не кажа каде дошло до конфликтот.

„Денеска ги запревме жестоките офанзивни дејства на непријателот“, рече тој во своето национално обраќање во текот на ноќта. „Рускиот напад беше одбиен“, додаде тој.

Зеленски, исто така, рече дека руски војници биле заробени.

Најжестоките борби во регионот на Доњецк се водат околу градовите Бахмут и Авдиивка.

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Злосторство во Курск: Петмина украински војници убиle 22 жители на руско село (ВОЗНЕМИРУВАЧКО)