Зеленски им порача на руските мајки: Не ги праќајте вашите деца во војна

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика руските мајки да не ги испраќаат своите деца на бојното поле.

Loading...

„Сакам да им го кажам ова уште еднаш на руските мајки, особено на мајките на воените регрути. Не испраќајте ги вашите деца во војна во странска земја“, рече Зеленски.

 

Гори магацин за муниција во близина на Киев (ВИДЕО)

 

Тој ги повика „да не веруваат во ветувањата дека ќе бидат испратени некаде на вежби…или во неборбени услови“ и „да дејствуваат веднаш доколку има сомневања дека нивните деца се испраќаат да се борат во Украина“.

Обраќањето доаѓа откако Русија во средата за прв пат го призна присуството на регрути во редовите на нејзините сили во Украина – од кои многумина не се обучени за борба – и објави дека голем број од нив биле заробени.