Зеленски го смени командантот за територијална одбрана

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го смени командантот на силите за територијална одбрана без да наведе причина, три месеци по почетокот на конфликтот во Украина.

Loading...

Министерството за одбрана денеска соопшти дека Зеленски го назначил генерал-мајор Игор Танчура на местото на Јуриј Галушкин, пренесува Ројтерс.

 

Песков: Влезот на Финска и Шведска во НАТО не ја зајакнува безбедноста на Европа

 

Во соопштението, Министерството го карактеризира Танчура како искусен офицер кој претходно бил началник на Генералштабот на копнените сили на Украина.

Исто така, како што се наведува, силите на Територијалната одбрана забрзано се зголемуваат откако беа формирани непосредно пред почетокот на конфликтот во Украина, па сега играат важна улога.

 

Loading...

Ходаковски: Руски и украински војници преговараат во Азовстал

 

„Експлозивниот раст на структурата, особено во услови на интензивна борба, е огромно искуство, со грешки и достигнувања. Има успеси и за жал загуби“, се вели во соопштението на Министерството.