Зеленски го разреши од должноста амбасадорот во Велика Британија

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го разреши амбасадорот на земјата во Велика Британија.

Loading...

Во одлуката на Зеленски не е наведена причината за отпуштањето, но се додава дека и Вадим Пристаико е разрешен од функцијата претставник на Украина во Меѓународната поморска организација, пренесува Ројтерс.

Британски „Индепендент“ пишува дека Пристајко ги запрепастил властите во Киев откако јавно го критикуваше Зеленски.

Тој го обвини украинскиот претседател за „нездрав сарказам“ кога му одговори на британскиот министер за одбрана Бен Валас кој рече дека Украина не треба да гледа на Лондон и нејзините западни сојузници како „Амазон“.

„Не мислам дека е здрав вид на сарказам кога претседателот Зеленски вели „секое утро ќе се будиме и ќе му викаме на Бен Валас за да му се заблагодариме“. Мислам дека не треба да им покажеме на Русите дека има некаков проблем меѓу нас. Работиме заедно, Бен може да ми се јави и да ми каже што сака“, изјави Пристајко за Sky News.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.