Зеленски го покани Трамп во Киев за самиот да го процени степенот на конфликтот

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од САД поголема помош во борбата против руската агресија и го покани поранешниот американски претседател Доналд Трамп во Киев за самиот да го процени степенот на конфликтот.

Loading...

Во интервју за NBC, Зеленски го покани Трамп да ја посети Украина и од прва рака да ги доживее последиците од конфликтот што го започна рускиот претседател Владимир Путин во февруари 2022 година.

Трамп, кој се кандидира за реизбор во 2024 година и е фаворит за републиканската претседателска номинација, остро ја критикуваше американската поддршка за Киев и рече дека би можел да ја заврши војната за 24 часа доколку биде реизбран.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски: Покана на Украина за НАТО е единствениот начин да се запре војната

„Ако може да дојде овде, ќе ми требаат 24 минути да му објаснам на Трамп дека не може да управува со оваа војна. Не може да има мир поради Путин“, рече Зеленски, пренесува Танјуг.

Зеленски рече дека американските војници на крајот би можеле да бидат вовлечени во поголем европски конфликт со Русија доколку Вашингтон не ја зголеми поддршката, пренесува Гласот на Америка.

„Ако Русија не убие сите, тие ќе ги нападнат земјите на НАТО, а вие ќе ги испратите вашите синови и ќерки во војна“, рече Зеленски.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.