Зеленски ги смени амбасадорите во Грузија и Мароко

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ги отповика украинските амбасадори во Грузија и Мароко, бидејќи, како што наведе, тие не направиле доволно за да ги убедат тие земји да ја поддржат Украина и да ја санкционираат Русија за инвазијата.

Loading...

„Со сета почит, доколку немаше оружје, немаше да има санкции, немаше да има ограничувања за руските компании, затоа ве молиме најдете друга работа“, рече Зеленски во видео-обраќањето.

 

Каква е улогата на Роман Абрамович во преговарачкиот процес?

 

Тој додаде дека очекува конкретни резултати од дипломатските претставници на Украина во Латинска Америка, Блискиот Исток, Југоисточна Азија и Африка во наредните денови.

Зеленски изјави дека очекува резултати и од воените аташеа во амбасадите.

 

Loading...

Каква е улогата на Роман Абрамович во преговарачкиот процес?

 

„Дипломатскиот фронт е еден од клучните фронтови во борбата на Украина да победи во војната со Русија“, рече тој.