Зеленски: Фактот што нема масовни удари е доказ дека Русија се подготвува за нив

Сподели со своите пријатели

Фактот дека во моментов нема масовни ракетни напади врз Украина укажува на тоа дека Русија се подготвува за нив и дека може да нападне во секој момент, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Loading...

Тој во видео обраќање рече дека Украина максимално го обновува енергетскиот систем по секој руски напад, пренесува Укринформ.

Тој оцени дека Русија не се откажала од, како што рече, „терористичката тактика“ и дека се уште се надева дека струјата целосно ќе исчезне во Украина.

– Затоа, се додека тие имаат проектили – а Русија сè уште ги има – ве замолувам сериозно да ги сфатите сите предупредувања на украинската воена команда, нашите воздушни сили и предупредувањата за воздушни напади – рече Зеленски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина за Трамп може да стане втор Виетнам

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.