Зеленски: Денеска светот го виде вистинското лице на терористичка држава

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска на Твитер објави неколку фотографии од Киев, кој е само еден од градовите нападнати од руски ракети и беспилотни летала утринава.

Loading...

Во масовниот руски ракетен напад низ Украина, објави тамошната полиција, најмалку 10 цивили загинале, а околу 60 се повредени.

„Светот уште еднаш го виде вистинското лице на терористичка држава која го убива нашиот народ. Не само на бојното поле, туку и во мирните градови. Русија е земја која го крие своето крваво и криминално јадро и цел со зборови на мир. Докажува дека ослободувањето на целата наша земја е единствената основа за мир и безбедност“, напиша Зеленски.

 

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.