Зеленски бара Русија да не учествува на Олимписките игри

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека дозволувањето на Русија да се натпреварува на Олимписките игри во Париз во 2024 година ќе биде показател дека „теророт е некако прифатлив“.

Loading...

„Обидите на Меѓународниот олимписки комитет да ги врати руските олимпијци на Олимписките игри во 2024 година се порака до целиот свет дека теророт е некако прифатлив“, рече Зеленски, според Ројтерс.

Тој нагласи дека на Русија не смее да и се дозволи „да ги користи Игрите или кој било спортски настан за да ја промовира својата агресија или државен тероризам“.

Русија и Белорусија оваа недела добија покана да учествуваат на Азиските игри, кои се квалификациско натпреварување за Париз во 2024 година, пренесува Танјуг.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.