Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во видео обраќање пред австралискиот парламент изјави дека се потребни нови и посилни санкции против Русија, со цел да се зголеми притисокот врз Москва поради нејзината инвазија на неговата земја.
Loading...
По рускиот напад на Украина, Австралија достави одбранбена опрема и хуманитарна помош во Киев и воведе забрана за извоз на алуминиум и негови руди, вклучително и боксит, во Русија, пренесува Ројтерс.
Loading...
Канебра досега применила вкупно 476 казнени мерки за 443 руски физички лица, меѓу кои има бизнисмени блиски до рускиот претседател Владимир Путин и 33 субјекти, прецизира британската агенција.