Зеленска: Технологијата мора да се користи за да се спасат луѓето, а не да се убиваат

Сподели со своите пријатели

Во емотивниот говор, првата дама на Украина Олена Зеленска ги повика технолошките работници ширум светот да иновираат за да ја запрат Русија и да помогнат да се спасат луѓето во нејзината земја разурната од војна, пишува Ројтерс.

Loading...

„Дистопиите за кои читаме во научно-фантастичните романи се многу поблиски отколку што мислите“, рече Зеленска во преполната сала на отворањето на најголемата европска технолошка конференција, Веб-самитот во Лисабон, притоа прикажувајќи снимки од последиците од нападот со дронови во Киев.

„Можете да ни помогнете да го спречиме ширењето на листата на жртви на тероризмот“

„Русија ја става технологијата во служба на теророт. Технолошката опрема како дронови и проектили се користи за убивање луѓе, а не за спасување“, додаде таа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Медведев: А што ако атентаторот на Трамп работел за режимот во Киев?

Таа ги покани насобраните да презентираат идеи за „запирање на теророт, спасување на луѓето и обнова на уништеното во Украина“.

„Можете да ни помогнете да го спречиме ширењето на листата на жртви на тероризмот“, рече таа.

„Верувам дека таквата технологија е иднината, а ако не е, едноставно нема да има иднина на која ќе се радуваме.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.