06.06.2015 12:29

Зекири: МНР потврди дека списокот за кумановската група е автентичен (фото)


Новинарот и уредник на АЛСАТ – М, Мухамед Зекири денес на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук, објави дека наводите за спорниот список со имиња – припадници на кумановската вооружена група бил автентичен.

МНР ја потврди автентичноста на писмото објавено од Алсат М коe било пратено до амбасадата на Република Косово, но не знаат што се случило со Мирсад Ндрецај и Бег Ризај, напиша Зекири.

loading...

11390223_10153950690374466_5206624819385680421_n

На документот за кој АЛСАТ претходно објави дека е од Министерството за надворешни работи на Македонија, стојат имињата на 23 граѓани на Косово, од кои три имиња се повторуваат два пати.

Тоа што отвoра дилема според Алсат е фактот дека во ова известување до амбасадата на Косово за идентитетот на своите државјани приведени во полициската акција во Куманово, наведени се и имиња на лица за кои подоцна произлезе дека се меѓу загинатите. Се работи за Мирсад Ндрецај и Бег Ризај кои важат за водачи на групата.


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments