Здружението на просветни работници од Куманово ќе го одбележи 24ти мај

Сподели со своите пријатели

Во организација на Здружението на просветни работници од Куманово, а под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово во понеделник, 24ти мај ќе биде одбележан Денот на сесловенските просветители.

По тој повод во големата сала на поранешен Комитет со почеток во 12 часот ќе бидат прогласени првенците на генерацијата во општинските училишта, а манифестацијата ќе биде збогатена и со богата културно-уметничка програма.

 

Loading...