„Здравје за сите“ во Ново Село, кумановско

Сподели со своите пријатели

Екипите на Здравствен дом Куманово почнаа да ја спроведуваат програмата на Министерство за здравство „Здравје за сите“, информираа денеска од јавната здравствена установа. Тимовите организираа акција за жителите од кумановско Ново Село во месната заедница, согласно протоколите за преглед во услови на пандемија.

Loading...

Акцијата е наменета за граѓани од рурални средини и има за цел да овозможи бесплатни прегледи на граѓаните кое вклучува мерење на шеќер во крвта, притисок. Присутните имаат можност да се консултираат со лекарите и да добијат совети за здрав начин на исхрана и во овој момент и совети за заштита од коронавирус.

– Најголем процент од прегледаните се повозрасни жители и кај значителен процент беше утврден зголемен холестерол. Добар дел од нив не се пушачи. Тимовите им препорачаа редовно користење на пропишаната терапија. На оние на кои им беа утврдени одредени состојби се упатуваат за понатамошни прегледи-изјави главна сестра од Зравствен дом, Марина Додевска.

И во наредниот период ќе се спроведат вакви акции во рурални подрачја од кумановско.

Александра Максимовска, Куманово

Leave a Reply