Зборовите кои ги кажувате откриваат дали сте под стрес

Сподели со своите пријатели

Кога некој е под стрес, несвесно почесто ги користи зборови како „навистина“, „многу“ и „само“, открија група американски психолози.

Loading...

Спроведоа интересен експеримент во кој испитаниците два дена носеле диктафон, кој го снимал она што го кажуваат.

„Луѓето под стрес зборуваат помалку од вообичаено, па ни помогнаа снимките“, вели психологот Матијас Мел од Универзитетот во Аризона.

 

 

Тој снимил како и до кој степен волонтерите користеле заменки и придавки, а потоа со тим експерти го анализирал нивото на психолошки стрес на учесниците, барајќи одредени гени во нивните бели крвни зрнца.

Учесниците кои биле под стрес почесто користеле прилози, а поретко зборувале во трето лице множина.

Loading...

Можна причина за тоа, велат експертите, е што луѓето кои се под притисок и стрес повеќе се фокусираат на себе отколку на луѓето околу нив.