Завтор во кој затворениците ги имаат клучевите, а нема чувари и оружје (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во затворо Анисо Жобин во Бразил, затворнеиците ги имаат клучевите од своите ќелии, во нив нема чувари, дрога, ниту пиштоли.

Loading...

Некогаш насилни криминалци во овој затвор познати се и како лица на опоравување или на португалски – „рекуперандос“.

 

 

Затворениците во оваа казнено-поправна институција мораат да учат, да работат и да имаат некое хоби. Во своите ќелии се враќаат само за спиење.

Професионалните обуки им помагаат да пронајдат работа откако ќе бидат пуштени од затворот. Во него се враќаат само 20 отсто од затворениците, додека во останатите затвори во земјата таа бројка е проценета на околу 70 отсто.

Покрај сето наведено, она што овој затвор го прави различен од останатите е тоа што се потребни две третини помалку пари за неговото менаџирање.

Loading...

Мотото на оваа установа е: „Мажите влегуваат внатре, криминалот останува надвор“. Тоа им помага на затворениците да продолжат понатаму, давајќи им одговорност и доверба.

Во срцето на програмата е идејата дека секој е способен за промена доколку му се понудат вистински можности.

Денот започнува во 6 часот наутро и е организиран околу работа, учење и заедница. Завршува во 22 часот. Работите се разновидни – вклучувајќи занаети, одржување на тоалети, кулинарство, столарство и работа во кујна, а истите се поделени меѓу затворениците.

Во рамките на програмата затворениците мора да учат. Некои започнуваат основно образование кое им било ускратено во младоста, други учат средно училиште, или имаат стручни или универзитетски курсеви.

Во слободно време се занимаваат со спорт или учетсвуваат во креативна уметност и присуствуваат на претстави.

АПАК затворите (Здружени за заштита и помош на осуденици), како што се нарекуваат овие установи, покажуваат резултати за кои традиционалните системи можат само да сонуваат.