Заврши учебната година, учениците на распуст

Сподели со своите пријатели

Денеска завршува учебната 2015/2016 година за околу 187.000 основци и 81 илјада ученици од средното образование низ целата држава, со што започнува нивниот летен распуст кој ќе трае се до 1ви септември.

Денес завршува и екстерното тестирање кое започна пред три дена, а опфати 1.972 предмети и вкупн 178.648 ученика од сите средни и основни училишта во Република Македонија.

Поради уписите во средните училишта (28 и 29 јуни), резултатите од екстерното тестирање најпрво ќе бидат објавени за деветтоодделенците (на 13 јуни), а за сите останати ученици резултатите ќе бидат познати на 17 јуни.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.