Заврши штрајкот на таксистите на сметка на 2000 смрзнати и гладни бегалци

Сподели со своите пријатели

Околу шестотини од речиси две илјади бегалци кои цел ден беа  заглавени во ТЦ “Винојуг” во Гевгелија, тргнаа кон Табановце со приближно сто такси возила, минибуси и автобуси, јавуваат граѓанските активисти, откако денес гевгелиските таксисти повторно ја блокираа пругата кон Табановце, со барање, државата да им дозволи бегалците освен со организиран превоз со возови да можат да користат и услуги на приватни такси компании.

1935682_10206138443314187_5656701266250096256_n

Бегалците се смрзнати и гладни, апелираа активистите на Гевгелија. Нема доволно греалки во кампот и таму е очајно, пишуваа на социјалната мрежа Фејсбук во групата за помош на бегалците во Македонија.

Во меѓувреме, т.е пред само половина час, активистите информираа дека штрајкот на Здружението на гевгелиските таксисти завршил со договор за воспоставување на посебен начин на паркирање на возилата пред кампот “Винојуг”, каде ќе се делат бројчиња на возилата и како ќе пристигаат бегалците, така ќе бидат повикувани и такси превозниците. 

Алчните од Македонски железници сакаат само тие да ги превезуваат бегалците, а се работи за ладни, скапи и стари возови кои бегалците ги чекаат со часови, реагираа активистите во текот на денешниот ден, немоќни да помогнат во целата хаотична ситуација на Гевгелија.

Инаку, некаде пред 22 часот, активистите информираа дека во кампот “Идомени” на грчка страна се наоѓаат околу 750 бегалци, и таму повеќе нема капацитет да ги примат сите новодојдени лица.

Според граѓанските активисти, бегалците имаат право да си изберат како ќе се превезуваат од Гевгелија кон Табановце  бидејќи тие за превоз и онака плаќаат големи пари, со апел до сите организации кои активно се вклучени во помош на бегалците да застанат во нивна одбрана и остварување на нивните права за транспорт.

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.