Заврши проектот „На патот“

Сподели со своите пријатели

Проектот „На патот“, финансиран од Амбасадата на Швајцарија и имплементиран од ЛАГ АБЕР 2015 имаше за цел да овозможи услови за развој на креативниот и творечки потенцијал на кумановските уметници.

Loading...

Во исто време, проектот беше насочен кон создавање конекции меѓу уметниците и обичниот човек на тој начин што ќе го доближи нивното творештво до публиката која се поретко наоѓа време да ги посетува официјалните уметнички настани и изложби.

Kрајната цел беше да се поттикне свеста за културно-уметничкото наследство и туристичкиот потенцијал во руралните делови на регионот, истовремено демонстрирајќи ја огромната креативна моќ која ја имаат современите уметници и нивниот неискористен потенцијал од страна на локалните и регионалните културни фактори.

Дејан Ѓорѓиевски – директор на проектот

Скулптурата „Кавалџија“ на Горан Стаменков поставена на плоштадот во Старо Нагоричане сега е често фотографиран детаљ од страна на туристите кои доаѓаат во црквата „Св. Ѓорѓи“; делата „Козјак“и „Пингвини“ на ѕидот на ОУ Крсте Мисирков, изработени од Дејан Божиновски – Коска укажуваат на природните убавини на руралните подрачја околу Куманово, но и на опасноста од загадувањето; „Весела станица“ на Дејвид Стоилковски прва ги дочекува посетителите кои одат во посета на спомениците во општина Старо Нагоричане; „Улица на виножитото“ од Валентина Илијевска го разбива кумановското сивило и ја потенцира потребата за заштита на градското зеленило; уметничките билборди направени за неколку рурални туристички места ја потенцираат потребата од потесна соработка меѓу бизнис заедницата и уметниците…

Голема благодарност до сите уметници кои ја посетуваа  куќата во која се одвиваше проектот, како и на медиумите, пријателите и обичните луѓе кои ја почуствуваа енергијата и ни дадоа поддршка во реализацијата. Особена благодарност до Амбасадата на Швајцарија за довербата која ние, како здружение за рурален развој, ја добивме за реализирање на проект од област што навидум е неспоива со нашата стратегија.

Loading...
Мирослав Величковски – проектен координатор

Најважно од сé е идејата од проектот да продолжи да живее, институционализирана преку локалните самоуправи, кои многу лесно можат да одделат и овозможат средства и простор за творење на младите уметници од регионот.

Преку овој проект, покажавме дека тие со сигурност ќе знаат како да се оддолжат за добиената шанса и ќе придонесат регионот да ги добие основните карактеристики преку кои ќе можеме нашите општини да ги наречеме „културни“.

Но, за да се случи тоа, претходно е потребно целосно ослободување на уметноста, непречен развој на независната уметничка сцена и протежирање на квалитетот во создавањето на културните политики во државата.

Никола Ивановски

Leave a Reply