Заврши проектот „Младинска медиумска писменост“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Ученици од четирите средни училишта од градот, претставници на невладини организации, образованието и медиумите денеска присуствуваа на завршниот настан од проектот „Младинска медиумска писменост“, кој го реализираа Центарот за ромска заедница Дром и ТВ Плус.  

Loading...

На настанот беа промовирани мултимедијални содржини, односно две видеа за промоција на медиумската писменост и критичкото размислување и брошура, во чија изработка учествувале самите ученици.

-Тие посетуваа обука за медумска писменост и беа учесници на работилници каде самите ги осмислија, креираа овие видеа. Ќе говориме за значаењето на медиумската писменост, со цел да го поттикнеме критичкото мислење кај младите, бидејќи сметаме дека тоа не е на завидно ниво на кое што треба да биде, за да во свет во кој се изложени на разни медиумски содржини, кои не толку често се точни, туку лажни, постојат многу дезинформации, спинови и слично, знаат аналитички да пристапат кон нив и да ја евалуираат содржината и да создадат слика за одредени медиуми на кои можат да им веруваат, да знаат како да ги препознаваат лажните вести, да ја препознаваат целта на креаторот на тие лажни вести-истакна Денис Илијевски, координатор на проектот.

Проектот „Младинска медиумска писменост“, е во рамки на поголемиот проект „Со критичко мислење на граѓаните преку медиумска умешност“ кој го спроведува Фондација за интернет и општество Метаморфозис и Центар за европски стратегии. Тие се финансирани од Европската унија.

Loading...

Leave a Reply