Заврши изградбата на десетина улици во кумановската населба Карпош

Сподели со своите пријатели

Заврши реконструкцијата на повеќе улички во населбата Карпош Куманово, соопштија денеска надлежните од одделението за комунални дејности.

Loading...

Дел од улиците се асфалтирани, на некои е поставено и бекатон. Според податоците на електронскиот систем за јавни набавки, набавките се завршени на крајот од август и почетокот на септември годинава.

 

 

Завршени се или како што информираа надлежните, привршува асфалтирањето и поставување на бекатон плочки на улиците „205“, „3“, „203“, „206“, „149“, „146“, „145“, „52“, „33“, „32“, „143“, „110“,„207“, 204″ како и улицата „620“ кон Проевце и „420“ во „Иго Тричковиќ“

– Изминативе години на дел од овие улици имаше гребен асфалт, тампон, но сега извршена е реконструкција со асфалт и се надеваме на поголема безбедност во сообраќајот за жителите од населбата. Опфатени се повеќе од десетина улички-изјави помошникот раководител на одделението, Момчило Јовановски.

 

Loading...

 

Тој најави дека почната е реконструкција на дополнителни три улици во Агино село, од кои едната веќе е завршена, а останатите две се во фаза на реализација.

За улиците „1“, „2“ и „3“ во ова населено место, според податоците објавени на електронскиот систем на јавни набавки општина Куманово одвоила 1.598.128,67 денари за реконструкција на улиците, а договорот е склучен со избраната фирма „Кооп ИНЖЕНЕРИНГ“ Куманово.

Завршена е изградбата на улици во село Костурник.

МИА