Заврши Детскиот ликовен камп АСНОМ 2020 (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Завршиот Детскиот ликовен камп АСНОМ 2020, кој го организираа Фондација за култура и спорт Куманово, а под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово.

Loading...

На јубилејниот, 10-ти по ред ликовен камп учествуваа ученици од општинските основни училишта, кои твореа во повеќе техники: цртање на платно, монотипија (графика), цртеж и анимација.

 

 

Делата ќе бидат изложени на биенална изложба, а потоа донирани на Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост „Порака наша”.

На денешниот настан присуствуваше и градоначалникот Максим Димитриевски кој упати пораки до младите уметници и им се заблагодари за нивниот придонес.

– Нашиот град може да се пофали со голем број ликовни колонии со голема традиција и со голема збирка на дела кои што се токму дела на наши автохтони кумановски автори, а покрај нив на гости ни биле и големи светски имиња од ликовната уметност. Воедно самиот гест за подарување на ваквите дела на организацијата „Порака наша“ која се грижи и ги згрижува оние категории на наши сограѓани на кои им е повеќе од неопходна помош и секојдневно внимание, затоа се работи за лица со попреченост, сметам дека се прави дополнителен хуман гест со кој се прави поддршка на ваквата активност на оваа невладина организација и најголем дел од овие дела завршуваат на аукции кои оваа организација ги организира, доаѓаат до финансиски средства и потоа се преточуваат во трајни вредности и се дава помош на одредено лице со попреченост, изјави Максим Димитриевски градоначалник на Општина Куманово.

Loading...

 

 

Како што додаде Димитриевски, ова е доказ дека и во вонредни околности поради пандемијата можат да се организираат и да создадат уметнички дела.

Никола Ивановски

Leave a Reply