Заврши Детска ликовна колонија Пчиња 2022 (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Согласно одржаната Детска ликовна колонија Пчиња 2022, организирана од Хуманитарно здружение „Мајка” и Здружение на жени „Коло на српските сестри” во соработка со подрачното училиште на ООУ „Браќа Миладиновци” во село Пчиња, финансиски поддржана од Општина Куманово, вчера се одржа завршен настан.

Loading...

 

 

На настанот беа поделени награди на учесниците во Ликовната колонија и благодарници за учество на ревијалниот фудбалски турнир, кој се одржа по повод патрониот празник на училиштето.

 

 

Loading...

Присутните имаа можност да ги погледнат создадените дела, а беше организиран и продажен базар на традиционални јадења, од чии средства ќе бидат обезбедени нагледни средства за училиштето.

 

 

На завршниот настан присуствуваа раководители на Сектор за образование и Сектор за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита при Општина Куманово.