Заврши асфалтирањето на крак од улицата „Ѓорче Петров“ во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Заврши асфалтирањето на крак од улицата „Ѓорче Петров“ во Куманово, соопштија денеска надлежните од одделението за комунални дејности од општината.

Loading...

 

 

-Асфалтирани се 968 метри квадратни површина за што се одвоени милион 250.000 денари средства од програмата за санација, реконструкција на улици за тековната година. Изведувач на работите е „Кооп Инженеринг“ Куманово-изјави помошникот раководител на одделението за комунални дејности, Момчило Јовановски.

 

 

Loading...

Улицата, претходно беше посипана со тампон, кој поради временски услови, но и конфигурацијата на теренот речиси и да не постоеше.

Александра Максимовска

Leave a Reply