Заврши 41-та ликовна колонија „Куманово“ (видео и галерија)

Сподели со своите пријатели

Во присуство на Градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски и претставници на локалната самоуправа и Музеј Куманово, кои се организаторите на четириесет и прватта ликовна колонија „Куманово“ денеска ја прогласија манифестацијата за затворена.

Loading...

Уметници од земјата и од странство изработија над 15 дела кои ќе бидат изложени по повод денот на градот, т.е на 11 Ноември.

 

[huge_it_gallery id=”177″]

 

Градоначалникот им се заблагодари на сите уметници што допринесоа оваа ликовна колонија да се одржи и оваа година.

Анита Цветановска, дирктор на Музеј Куманово вели дека за десет дена уметниците имале плодна работа, дружење и размена на искуства. Работеа во техниките масло на платно, акрил и скулптура.

Loading...

Уметниците исто така се презадоволни што учествувале на оваа манифестација и се заблагодаруваат на целокупната подршка која ја добиле од Општина Куманово во текот на целата колонија.

На сликите можат да се забележат најразлични мотиви, но претежно станува збор за пејсажи кои природата ги инспирирала уметниците да ги претстават.