Завршена реконструкција на 17 соби во Домот за стари лица во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Завршена е целосна реконструкција на 17 соби во Домот за стари лица „Зафир Сајто“ во Куманово, информираше денеска преку социјалните мрежи градоначалникот Максим Димитриевски.

 

 

– Воведен е нов модерен електронски систем за внатрешна комуникација помеѓу корисниците на домот и медицинскиот персонал, како и персоналот за нега во домот со цел побрзо и поефикасно опслужување на корисниците, појасни Димитриевски.

 

 

Како што додава градоначалникот, условите во Домот за стари лица, се подобруваат континуирано.

 

Никола Ивановски