Завршена изградбата на нова гасоводна мрежа во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Јавното претпријатие „Куманово Гас“ заврши со изградбата на новата дистрибутивна гасоводна мрежа во должина од 350 метри на улицата „Васко Карангелевски“ до крстосницата со улицата „Видое Смилевски – Бато“ во населбата „Гоце Делчев“, соопштија денеска надлежните од претпријатието.

Loading...

 

 

– Мрежата е пневматски испитана на цврстина и непроопусливотст и ги задоволува барањата согласно законските прописи со кои е уредена оваа област. Со изградбата на мрежата овозможен е приклучок на околу 60-тина домаќинства-изјави директорот на ЈП „Куманово-Гас“, Никола Денковски.

 

 

Loading...

Наскоро, се очекува да почне изградбата на мрежа од улицата „Доне Божинов“ сè до крстосницата со булеварот „Октомвриска револуција“. На оваа локација веќе се приклучени средното училиште „Перо Наков“, градскиот базен, објект на детска градинка и голем станбен објект.

 

 

Клучен проект според Денковски е приклучување на малите и средни претпријатија кон мрежата од индустриската зона Доброшане. Проектот се изработува и предвидена е изградба на приближно три километри мрежа.

 

 

Loading...

– Гасот е еколошки енергент и не ја загадува животната средина, а многу поисплатлив е од другите начини на затоплување, затоа ги покануваме сите заинтересирани да се обратат во претпријатието и да добијат детални информации за приклучокот. Тука е субвенцијата за физички лица која ја нуди општината за секој нов приклучок во висина од 15.000 денари-изјави Денковски.

 

 

Досега на гас се приклучени околу 300 правни и физички лица од кои 30-тина објекти, институции установи, 15-тина станбени единици како и 160-тина домаќинства.

 

МИА

Loading...

Leave a Reply