Завршен е четиринаесеттиот спортски терен во Општина Куманово (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Завршен е четиринаесеттиот спортски терен во Општина Куманово, информираше денеска преку социјалните мрежи градоначалникот Максим Димитриевски! 

Loading...

Во изминатите 4 години Куманово, како што потенцира Димитриевски доби спортски игралишта во училиштата ОСТУ „Наце Буѓони“, СОУ „Перо Наков“, СОУ Гимназија „Гоце Делчев“, основните училишта „Крсте Мисирков“ и „Браќа Миладиновци“, „Вук Караџиќ и „Наим Фрашери“.

Спортско игралиште е изградено на Спомен Костурница, како и во близина на Спортската сала, каде исто така е поставено и 3х3 кошаркарско игралиште.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кров на зграда, заштитен појас, шума и трева гореле вчера низ кумановско

Мултиспорт игралишта со тартан подлога се изградени во населбата Коце Делчев, како и во селата Којнаре, Клечовце, Агино село, Романовце и Пчиња.

– Отпочна реконструкција на спортскиот комплекс Соколана каде веќе е реконструирано постоечкото спортско игралиште, следува реконструкција на објектот и партерно уредување на просторот околу објектот, информира Димитриевски.

Како што додава градоначалникот започната е и реконструкција на Спортската сала, каде веќе е реконструиран кровот, а се средува реконструкција на внатрешниот дел од салата и партерно уредување на просторот околу објектот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Формираме движење кое наша Македонија ќе им ја врати на граѓаните

Отпочната е и реконструкција на Градскиот парк во чии рамки веќе се гради и ново спортско игралиште.

 

Loading...

Никола Ивановски