Затворениот градски базен ќе биде отворен на средината на 2016 година

Сподели со своите пријатели

На дневниот ред на 41-та седница на Советот на општина Куманово одржана денес, едно од советничките прашања кои беа на дневен ред беше и прашањето за затворениот градски базен и кога истиот ќе биде пуштен во употреба.

Loading...

Прашањето беше упатено од страна на советничката Душица Сеизовска – Јовановиќ од партијата ГРОМ до градночалникот Зоран Дамјановски кој одговори дека базенот ќе остане затворен се до пролетно -летните месеци.

Базенот ќе остане затворен до крајот на годината, а за 10 до 15 дена ќе го направиме техничкото пробно полнење. Внатре голем дел од работите се завршени, но за да се заврши целосното уредување базенот со работа ќе започне на пролет или на почетокот на летната сезона. – одговори Дамјановски.

Тој рече дека на јавна дебата ќе биде ставен предлогот дали со базенот да стопанисува општината или да биде продаден делот кој сега е во општинска сопственост, или пак истиот на биде даден на стопанисување на приватен концесионер.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.