Затворениот базен во Куманово престанува со работа поради енергетската криза

Сподели со своите пријатели

ЈП „Чистота и зеленило”- Куманово ја известува јавноста дека затворениот градски базен Куманово времено ќе престане со работа (од 18.01.2022 година), се до решавање на проблемот со енергетска криза во државата.

Loading...

Во соопштението што денеска пристигна од Општина Куманово, стои дека енергетската криза генерира енормни загуби.

– Новонастанатата енергетска криза во државата со рапидно поскапување на електричната енергија кон правните субјекти и тоа до 10 пати за електрична енергија и 4 пати за природен гас, не става во ситуација како ЈП да генерираме енормни загуби во секојдневното работење на овој спортски комплекс и истиот сме приморани да го ставиме вон употреба во овој зимски период. Паузата во работењето ќе се искористи за сервисирање на постоечката опрема и дополнително санирање на одредени градежни работи, стои во соопштението.

Никола Ивановски