Затворен угостителски објект во Куманово, работел повеќе од дозволеното

Сподели со своите пријатели

Уште еден угостителски објект во Куманово е затворен од страна на полицијата и инспекторите поради непочитување на времето за работа.

Loading...

– На 19.01.2021 во 19.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово извршиле контрола во угостителски објект на улица „Професор Мијаковиќ“ во Куманово. При контролата било констатирано дека објектот работи по дозволеното работно време за угостителски објекти, а во објектот биле затекнати десет лица – гости и сопственикот М.С.(48) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Од страна на Државен пазарен инспекторат објектот бил затворен.

По целосно документирање на случајот, против сопственикот ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Никола Ивановски

Leave a Reply