Затворен Меѓународниот аеродром Скопје

Сподели со своите пријатели

Меѓународниот аеродром Скопје од ноќеска на полноќ и официјално е затворе.

Loading...

Сите комерцијални летови на овој аеродром во следниот период нема да превезуваат патници.

Ќе може да слетуваат и полетуваат празни или само карго авиони.

Пристигнување на лица преку овој Граничен премин ќе биде дозволено само со посебни услови, хуманитарни цели, високи дипломати и лица со особен интерес за државата.

Ваквата дозвола првин треба да ја издадат надлежните институции.

Ова е само една од мерките кои Владата на Република Северна Македонија ги презема со цел да се спречи ширењето на коронавирусот во земјава.

За странски државјани се затворени и сите копнени гранични премини.

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply