Затворен Граничниот премин Прохор Пчински, сообраќајот само преку Табановце

Сподели со своите пријатели

Владата на Република Србија го затвори Граничниот премин Прохор Пчински, во рамките на мерките за заштита од ширење на коронавирусот.

Loading...

Патниците од овој граничен премин ќе се пренасочуваат кон ГП Табановце.

– Ги известуваме граѓаните дека Граничниот премин Прохор Пчински од 12.03 четврток од 7.00 часот согласно насоките од Владата на Република Србија а во врска со Ковид 19 ќе биде затворен за патници и возила. Поради тоа сите патници и возила од нашиот граничен премин Пелинце ќе се пренасочуваат на Заедничкиот граничен премин Табановце-Прешево, информираат од Владата на Република Северна Македонија.

Никола Ивановски


Leave a Reply