Четиригодишно дете со знаци на труење било примено вчеравечер во кумановската Општа болница.
– На 13.08.2025 година во 22.42 часот во СВР Куманово од Општа болница Куманово било пријавено дека кај нив било донесено затруено четиригодишно дете од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Оттаму додаваат дека се преземаат за расчистување на случајот, без детали за какво труење станува збор.
Од кумановската болница, информираат дека детето е во добра состојба и дека најверојатно се затруло со детергент.
– По извршен преглед од страна на дежурниот лекар, стабилизирано е и однесено е на клиника во Скопје. Во моментот е во стабилна состојба. Детето е затруено со конзумирање на непозната течност, најверојатно детергент. По извшрена детоксикација на Клиниката ќе биде пуштено дома, изјави Сашо Стошевски, директор на болницата.
Ова е трет случај за месец дена во кумановската болница да завршат деца со знаци на труење.
Кон крајот на јули едногодишно дете од липковско Отља беше примено во болницата поради труење со лекови.
Од иста причина, по само неколку дена, хоспитализирано беше и 10-месечно бебе од Куманово.
Никола Ивановски