Еден Американец ќе мора во затвор поради својот бизарен порив да затнува ВЦ школки во женски тоалети.
Имено, Партик Д. Бимен (26) од Висконсин осуден е на казна затвор од 150 дена и уште три години условно, затоа што е прогласен за виновен оти на место на кои бил вработен има необична потреба.
БИЗАРНО: Пие урин од своето куче и тврди дека тоа е лековито (ВИДЕО)
Полицијата истражила повеќе од десет слични злучаи на затнување на тоалети, започнувајќи од април 2017 година, меѓу другото и во еден рекреативен центар во местото Шебојган.
Бимен, во ВЦ школките фрлал пласични шишиња, за да ги направи нефункционални и тоа само женските тоалети.
БИЗАРНО: Направиле црква од 40.000 човечки скелети (фото+видео)
На судењето навел дека се кае, дека не може да објасни зошто го правел тоа, но дека имал многу силен нагод за такво нешто. Престанал кога сфатил дека агенцијата за вработување преку која работел го пријавила случајот и дека полицијата врши истрага.
Властите навеле дека секое затнување предизвикало штета од најмалку 200 долари, наведува Индепендент, кој додава дека некои школки целосно биле извадени, затоа што шишето било толку силно турнато, што не можел да се одзатне одводот.
БИЗАРНИ ОБИЧАИ: Момчиња имаат односи со постари жени за да ги научат на техниките
Затоа, според одлуката на судот, Бимен ќе мора да плати околу 5.500 долари а како дел од условната казна, му следуваат и 100 часа општо-корисна работа, пренесува Sky news.