Заталкан куршум оштетил „шевролет“ во липковско

Loading...
Сподели со своите пријатели

Заталкано зрно од огнено оружје завршило во паркиран автомобил во двор од семејна куќа во липковско.

– На 22.06.2025 во 20.05 часот во СВР Куманово, И.Р. од с.Липково, општина Липково, пријавил дека од заталкано зрно од огнено оружје бил оштетен покривот од патничко моторно возило „шевролет“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на неговата сопруга, кое било паркирано во дворот на нивната семејна куќа, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Екипа од СВР Куманово извршила увид и, како што додаваат, се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Започна 15. издание на детскиот ликовен камп „АСНОМ“ во Куманово