Четириест и осумогодишен кумановец пријавил дека негово возило паркирано на булеварот „Октомвриска револуција“ било оштетено од заталкан куршум.
Loading...
– На 29.07.2025 во 14.48 часот во СВР Куманово, М.М.(48) од Куманово пријавил дека неговото патничко моторно возило „фолксваген пасат“, кое било паркирано на булеварот „Октомвриска револуција“, било оштетено од заталкано зрно од огнено оружје, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Увид извршила екипа од СВР Куманово, а куршумот бил подигнат и проследен за понатамошна обработка.
Никола Ивановски