Застрашувачки робот со човечки поглед: Кога добрата идеја ќе тргне наопаку! (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Новиот робот на Дизни е направен да изгледа што е можно почовечки. За некои, сепак, тоа ќе предизвика кошмари.

Loading...

Имено, Дизни разви систем со кој хуманоидни роботи добиваат можност за „човечки погледи и движења“, наместо „бездушни погледи кои обично се поврзуваат со машини“, наведуваат од компанијата.

Кога ќе нарачате нешто од AliExpress вашите практи ги подготвува робот (ВИДЕО)

Сепак, овој робот предизвикува сосема спротивен ефект – наместо да ве натера да се чувствувате пријатно и да ве потсетува на човечка интеракција, поголеми се шансите да бидете згрозени од неговиот поглед.

Откако ќе ја преминете таа бариера, можеби дури и ќе ви се допадне технологијата што стои зад него, пренесува Engadget.

Имено, оваа машина има природни движења, кои потсетуваат на човечки, на лицето можете да видите нешто слично на емоциите, па дури и неговото тело се движи така што имитира дишење.

Роботите ќе значат 85 милиони работни места помалку за пет години

Можеби не би било лоша идеја Дизни да го облече својот робо-човек во нешто слично на кожата, чисто за да не ги одвлекува вниманието од посетителите наместо да ги привлекува во своите познати тематски паркови.

Loading...

Како изгледа и се однесува роботот, можете да видите на видеото подолу.

 

Leave a Reply