Застанал на вага за животни и кога ги видел килограмите не можел да поверува во она што го гледа (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Џон Алер ​​(29) и неговата избраничка, со која се забавува уште од средно училиште, се свршија во 2015 година, кога среќниот младоженец тежел дури 245 килограми.

Иако Џон секогаш бил малку поголем, Кејли вели дека не и пречело, но како што минувале годините, нејзиот сакан станувал се поголем. Со оглед на тоа дека јадел брза храна секој ден и се движел минимално, самиот Алер ​​признл дека не може да се измери на обична вага, туку затоа што отишол кај локален пријател и се мерел на вага за животни.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by John Thomas Allaire (@540fitness)

 

Кога конечно му паднала клапата, тој решил прво да ја тргне брзата храна од менито, а потоа почнал да се движи. Ден за ден одеше на подолги прошетки и за само една недела ослабел речиси шест килограми.

Иако ослабе како од шега, најголема поддршка му беше Кејли која го бодреше до „фотофинишот“. По 15 болни месеци Џон ослабел преку 143 килограми.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by John Thomas Allaire (@540fitness)

 

Сепак, иако успеал да ослабе и да ја достигне идеалната тежина, Џон наишол на нова болка која била многу полоша од вишокот килограми! Имено, бидејќи ослабел толку многу, морал да води битка со вишокот кожа – која тежи околу осум килограми.

Операцијата за отстранување на вишокот кожа требало да го чини околу 35 илјади евра, но успеал да се пријави и да учествува во шоуто „Лекарите“ каде ќе биде опериран бесплатно!

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by John Thomas Allaire (@540fitness)

 

Џон, сега живее во Јапонија каде што моментално е стационирана Кајла, а во март ја имал првата десетчасовна операција за отстранување на кожата на поголемиот дел од телото. Ќе мора да направи уште една операција на долниот дел од телото, но засега ужива во секој аспект од својот нов живот.

– Забележав пред некој ден дека заборавив да врзувам врвки, бидејќи долго време не можев да се наведнувам – со насмевка на лицето изјавил за „Дејли мејл“.