Заштитете се од штетните сончеви зраци со грозје

Сподели со своите пријатели

Грозјето содржи специјални соединенија кои ја штитат кожата од штетните влијанија на УВ зраците, покажа најновата студија посветена на кожата и сонцето.

Познато е дека УВ зраците се основна причина за рак на кожата, меланом, црвенило, алергии и предвремено стареење. Резултатите покажале дека сите овие несакани ефекти можат да се сведат до минимум ако кожата се мачка со пире од свежо грозје, но заедно со семките.

Професорот Касканте, специјалист по биохемија во универзитетот во Барселона објаснува дека штетните УВ зраци делуваат негативно на клетките од кожата и можат да доведат до клеточна смрт. Овој процес може да биде спречен од страна на соединенијата кои ги има во грозјето, тврди тој.

Процедурата е едноставна. Направете пире од цели зрна грозје без да ги отстранувате семките и секоја вечер додека сте на одмор мачкајте го телото и лицето со оваа смеса. Ќе го неутрелизира штетнитот ефект на УВ зраците и ќе ја ревитализира, хидрира и нахрани вашата кожа. Така таа станува отпорна за наредниот ден.