Засега нема да се ограничи движењето на граѓаните

Сподели со своите пријатели

Владата на својата седница не донела нови одлуки за рестрикции во движење на населението, соопшти денеска на прес конференција премиерот Оливер Спасовски.

Loading...

Како што вели, неколку часа по прогласувањето на вонредната состојба, се устанува да функционира како и досега.

Тој ги повика граѓаните доколку имаат и најмали симптоми на коронавирус да се јават во Центрите за јавно здравје.

– Сите функции на државата ќе продолжат да се остваруваат и во овие услови. Правата и слободите на граѓаните не се ограничуваат по автоматизам. Тоа не значи застој во слободниот транспорт на прехрамбените потреби на граѓаните, ниту во делот на снабдувањето со лекови во болниците и аптеките. Денеска се продолжува да функционира како и вчера, нема одлуки за нови рестрикции во движењето и остварувањето на професионалните обврски на граѓаните, изјави Спасовски.

Како што појасни техничкиот премиер, прогласувањето на вонрена состојба е мерка која на Владата ќе ѝ овозможи поефикасно да се справува со ситуацијата.

Најстроги санкции, Спасовски најави за сите кои нема да ги почитуваат мерките препорачани од Владата.

Никола Ивановски

Leave a Reply