Заседаваше Општинскиот штаб за заштита и спасување во Куманово

Сподели со своите пријатели

Денеска  во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со преземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус).

Loading...

На состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:

– Во врска со зголемување на мерките за заштита во ковид кризата и најавата за прогласување на денот недела како неработен ден за угостителските објекти, ОШЗС предлага на Комисијата за заразни болести при Министерство за здравство и Влада на РСМ од оваа мерка да се изземе Општина Куманово.  ОШЗС Куманово смета дека мерките и препораките на Владата во угостителските објекти на територија на Општина Куманово се почитуваат на задоволително ниво и е потребно само дополнителна контрола од надлежни инспекциски служби.

– Сметаме доколку се донесе една таква рестриктивна мерка на тој начин ќе се зголеми групирање на млади луѓе во паркови, детски игралишта, организирање на забави во приватни куќи и викендици, при што ќе се зголеми ризикот од ширење на епидемијата.

– Апелираме до сите организатори и учесници на протестите поврзани со образовниот процес да се почитуваат мерките за носење на заштитна опрема и одржување на минимум два метри дистанца. Во спротивно, истите претставуваат голем потенцијален ризик за ширење на епидемијата помеѓу самите учесници на протестите, граѓаните и случајните минувачи.

– ОШЗС ја информира јавноста дека заклучно до денес 05.10.2020 година епидемиолошката состојба на територија на Општина Куманово е следна:

Вкупно регистрирани позитивни случаи 1473;

Вкупно оздравени случаи 1164;

Loading...

Вкупно починати лица 49;

Вкупно активни случаи 260.

Од предходните податоци евидентно е дека епидемиолошката состојба на територија на Општина Куманово е сериозна и бараме и апелираме до граѓаните да се почитуваат сите мерки донесени од Влада на РСМ и Комисијата за заразни болести.

Интегрално соопштение: Општина Куманово

Leave a Reply