Заседаваше Кризниот штаб во Куманово, а ова се препораките и заклучоците

Сподели со своите пријатели

Поради новонастанатата ситуација и појава на случаи на корона вирус во Република Северна Македонија, а во врска со превземање на активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус), во Куманово денеска заседаваше општинскиот штаб за заштита и спасување

Loading...

На состанокот присуствуваа претставниците на општинскиот штаб за заштита и спасување, претставници од институции и јавни претпријатија, беа донесени следните препораки и закучоци:

– Во целост да се почитуваат заклучоците, мерките и препораките од Седницата на Влада на Република Северна Македонија, одржана на 10 март 2020 година, како и сите понатамошни донесени препораки.

– Се дава препорака јавниот градски превоз да се редуцира и да биде идентичен со возниот ред, кој важи за време на зимскиот односно летниот распуст.

– Во наредниот период за време на отсуство на децата од училиштата и градинките ќе се направат напори да биде извршена дезинфекција на просториите  во основни и средни училишта, како и градинките.

– Да се почитуваат препораките на Комисијата за заразни болеси при МЗ и Влада на Република Северна Македонија, а доколку се појават симптоми телефон за контакт е ЦЈЗ Куманово 070215851, како и на линкот на официјалната веб страница на Министерство за здравство на Република Северна Македонија:  http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/

Општински штаб за заштита и спасување и понатаму ќе ја следи состојбата и навремено ќе реагира.

Интегрално соопштение: Општина Куманово

Loading...

Leave a Reply