Заради штетноста: Пржена храна треба да се јаде само трипати неделно

Сподели со своите пријатели

Лицата кои конзумираат пржена храна и пијалоци кои содржат шеќер, имаат поголем ризик да заболат од срцеви заболувања, наведуваат американските научници.

Loading...

Нивното истражување објавено во магазинот American Heart Association, траело повеќе од шест години и има опфатено повеќе од 17 000 испитаници ширум Америја.

Научниците откриле дека луѓето кои исклучиво преферираат исхрана омилена за југот на Америка, која вклучува пржена храна, јајца, пржена шунка, сланина и пијалоци со шеќер, имаат 56 насто зголемен ризик од срцев удар во наредните шест години.

Според лекарите, нужно е да се намали внесувањето пржена храна и таков вид оброк треба да се јаде најмногу трипати неделно, а печеното пилешко да се замени со зеленчук.

Без разлика на вашиот пол, раса или место на живеење, ако сте поборник на пржена храна, тогаш мора да бидете и свесни за ризикот од срцеви заболувања, вели Џејмс Шикани, нутриционист од Универзитетот во Алабама.

Истражувањето траело од 2003 до 2007 година, и во тој период, испитаниците биле интервјуирани по телефон, додека тимот лекари во тој период вршел анкета за тоа што всушност се сменило по прашање на нивното здравје откако добивале одговори дека здравствената состојба оди од полошо на полошо.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.