Заради претходните и сега, таквите како вас ја напуштив државата. Ех, да бев единствен…

Сподели со своите пријатели

„Заради претходните и сега, таквите како вас ја напуштив државата. Ех, да бев единствен…“, пишува Николај Павловски, млад кумановец кој своето високо образование го продолжи во Русија.

Loading...

Во продолжение неговата реакција во однос на последните случувања во Куманово:

Можете да го напаѓате, да го плукате, да му местите, може да газите преку него, што сакате може да направите- НЕМА ДА ВИ УСПЕЕ!
Знаете јас одамна ве прочитав и почувствував кои сте и какви сте, вие господа од владата.

Во 2018 година на 15 март, напишав: „ Секогаш ќе бидам против било каков режим. Само да ги потсетам овие кои прерано се опуштија и ги заменија претходните“ .

Јас не сум единствениот, што цело време ви ги кажува грешките, ве критикува. Од ден на ден расте бројката на луѓето кои што ги разочаравте. Можеби расте побргу од бројот на заболени од Ковид- 19.

Што направивте во овие неколку години? Едно големо НИШТО! Не. Грешка сум. Направивте. Направивте само скандали, само глупости.

Направивте нешто што не ветивте. Ни тронка срам. Заради претходните и сега, таквите како вас ја напуштив државата. Ех, да бев единствен…

Оној кој добро го познава Максо ( и јас сум еден од тие ) знае дека пред се тој е ЧОВЕК, а после тоа и личност која својата функција си ја извршува и работи онака како што доликува. Тој има образ, интегритет, достоинство, се држи до дадениот збор. Тој е од народот. Има идеја и се бори за истата. Се бори за слободата.За жал таквите се многу ретки. За вас, тие зборови се мисловни именки. Вашата борба беше лажна. Вашите маски паѓаат. И посакувам се почесто да паѓаат за да можеме, сите, на секој од вас, да му го видиме вистинското лице. Вие слободата ја гушите, додека не ја угушите до крајот.

Loading...

На 27 април 2017, ве бранеше, со сопствените раце. А вие вака му враќате. Браво.

Некаде крајот на летото 2017 година, Максим рече: „ Македонија му должи на Куманово“.

Ова ли е начинот да ни се оддолжите? Ви благодариме.

Затоа јас и моето семејство стоиме зад нашиот градоначалник и му ја даваме целата наша поддршка. Не сме единствени. Сите заедно ќе победиме. Вистината секогаш победува на крајот.

Како што сакаше да каже „ деспотот“ : „ На лагата и се кратки нозите. Порано или подоцна, вистината ќе си исплива на површина. Таа е како шило. Ќе боде, ќе боде, лево, десно, напред, назад и на крајот ќе исплива. Таа мора да исплива на површина“ .

Во кампањата за парламентарните избори во 2016 година имавте едно многу убаво видео ( платена политичка пропаганда) под насловот: „ Никогаш да не се повтори. Излези и гласај за промени! “ . Во позадината одеше рецитација на „ Тешкото“ од Блаже Конески. Ми одѕвонуваат неколку стихови од песната во ушите сега и ме потсетуваат на оваа ситуација :

„ О тешкото! Кога во молк да те гледам,
на очиве магла ми напаѓа сура,
и одеднаш – в бескрај се растега редот
и ридја се губат в пустелија штура…

Времињата мрачни се нивното поле,
и нивната свирка – на прангите ѕвекот,
а главите им се наведени доле,
и покроце врват – сè чекор по чекор.
О времиња, што ве в мрак родот мој минал,
кој збор ќе ми најде за вашата стрв?
Кој збор ќе ми најде за ужасот зинат
над пустош и крв?!

Loading...

Кој број ќе ми каже на лутите рани,
на пламнати ноќи, … “

Многупати сум пишувал и за карактерот на мојот град и моите сограѓани Кумановци. Тука ви е грешката. Ние, НЕ ЗАБОРАВАМЕ. Поздрав од Револуционерно Куманово 😉

Ај лека ноќ. Само не знам колку мирно ќе спиете. Извинете, пак заборавив, дека немате гајле.

Leave a Reply