Студентката од Јута Медлин Ален исчезнала минатата недела, а сега полицијата ја пронашла во куќата на 39-годишниот киднапер Брент Браун.
Мажот е уапсен и осуден за затворска казна, како и за сексуално и физичко малтретирање, пишува NBC.
Исчезнувањето на студентката го пријавило нејзиното семејство на 13 декември, а таа ја напуштила својата соба во студентскиот кампус во 9 часот тој ден.
Според снимките од надзорните камери, Медлин (19) ја напуштила студентската зграда во 21:22 часот. Нејзините родители пријавиле дека исчезнала, а потрагата завршила пет дена подоцна кога била пронајдена и вратена кај нејзиното семејство.
Missing Snow College student Madelyn Allen found alive and safe pic.twitter.com/yJbCnYqt8P
— Nerdy Addict (@Nerdy_Addict) December 19, 2021
Пресреќни сме што сега е безбедна. Сега е безбедна со нас, но она што го помина е страшно и трауматично. Не можеме ни да разбереме низ што поминала. Таа е борец, храбра е. Благодарни сме што таа е повторно со нас, ќе и помогнеме да се опорави“, велат од нејзиното семејство.
Студентката била спасена од подрумот, каде била пронајдена гола и покриена со јаглен, откако исчезнала минатата недела откако се запознала со своето момче на интернет.
Според инспекторите кои работат на случајот, Брент ја земал дента кога исчезнала и ја однел во град оддалечен 140 километри од нејзиниот студентски кампус.
Родителите се загрижиле кога таа без никаков контекст им испратила порака „Те сакам“. Откако Медлин повеќе не им се јавила, повикале полиција.
Полицијата успеала да го лоцира сигналот на нејзиниот мобилен телефон и почнала да го пребарува теренот. Така стигнале до куќата на Брент, а тој им ја отворил вратата, но одбил да ги пушти да влезат без дозвола од неговите родители, кои го поседуваат имотот.
#MadelynAllen‘s dad PLEADS for his daughter’s return. #Utah #MissingPersons pic.twitter.com/fB1X8m7bqH
— Joseph Morris (@JosephMorrisYT) December 17, 2021
Еден од инспекторите низ прозорецот од подрумот забележал дека се движи лице со светла коса и ситна градба. После тоа добиле дозвола од родителите да упаднат во куќата и во подрумот нашле девојка која била врзана гола и целосно покриена со јаглен.
Во истиот подрум имало комплет ножеви и пушка. Подоцна било откриено дека Брент и го зел мобилниот телефон и го исклучил.
Тој и го вратил само еднаш за да може да им испрати порака на родителите, а истражителите со тој сигнал успеале да ги пронајдат.
Девојката рекла дека Браун неколку пати ја силувал и давел. Тој се заканувал дека ќе и наштети на нејзиното семејство доколку таа замине или некому каже каде е.
Браун и признал на полицијата дека ја врзал додека бил на работа, но дека и оставил храна и и дозволил да користи тоалет. Медлин разговарала и со полицијата, која и кажала дека Браун ја натерал да се соблече кога дошла во неговиот дом и дека повеќе не и дозволувал да се облекува. Тој и се заканил дека ќе ја удри со појас ако се облече.
„Се молиме нашата драга Меди да го преживее сето ова и да продолжи понатаму, а во иднина повторно да најде среќа и радост“, вели нејзината мајка Тауња Ален.
#MadelynAllen‘s family thinks she has been kidnapped and in danger. 👀 pic.twitter.com/0GrtgbpHhM
— Joseph Morris (@JosephMorrisYT) December 18, 2021